Повеќе од 100 лица се убиени во вчерашниот напад на нигериската исламистичка група Боко харам врз камерунскиот град Фотокол, соопштија локалните власти.
Терористите го нападнале градот и заклале десетици негови жители и војници, но точни податоци за бројот на жртвите не се соопштени.
За време на нападот борците на Боко харам запалиле и голем број куќи, како и Големата џамија во Фотокол.
Камерунската армија синоќа соопшти дека успеала да им се спротивстави на напаѓачите и да убие 50 од нив.