Српската тенисерка Ана Ивановиќ е поразена во третото коло на Ронал Гарос од Италијанката Сара Ерани со 6:1, 5:7, 3:6.
Ана првиот сет го доби релативно лесно, но вториот сет по речиси еден час игра Ерани направи брејк во клучниот 12. гем. Во третиот сет беше слично сценарио Ерани со два брејка успеа да го освио сетот за конечна победа.
Кузњецова беше убедлива против Радванска и препушти само три гема, исто така и Цибулкова против Санчез од Шпанија загуби само три гема, додека Шарапова на Морита од Јапонија и препушти само два гема.