Украинскиoт Парламент ја прогласи Русија за држава агресор и побара нејзино исклучување од ОН

Од:

Украинскиот Парламент денеска усвои декларација во која Русија ја карактеризира како „држава агресор“, пренесоа британските медиуми.

Документот содржи и обраќање до ОН, во кое се инсистира светската организација да почне процедура за исклучуање на Русија од светската организација.

– Правното прогласување на една земја за држава агресор својот корен го влече од резолуцијата на ОН од 1974 година и Уставот на ОН, изјави пред гласањето на документот лидерот на Радикалната партија Олех Љашко, кој е дел од владеачката коалиција.

Украинската Рада исто така ја повика меѓународната заедница да ги прогласи самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна Република“ во источна Украина за терористички организации.

Украинските пратеници од парламентите од цел свет побараа воено-техничка помош за Украина и наметнување построги санкции кон Русија.

Парламентот, освен тоа, одлучи на претседателот на земјата, во согласност со Уставот и законот „За одбрана на Украина“ да му препорача во Радата да поднесе предлог за објавување на состојба на војна и да се воведе воена состојба на територијата на земјата до прекин на вооружената агресија на Руската федерација врз Украина.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина