„Мис Колумбија“, Паулина Вега победи на овогодишниот избор за „Мис Универзум“, што се одржа синоќа во американскиот град Мајами.
Вега (22) ја освои престижната титула во конкуренција со 87 убавици од целиот свет.
На второто место, како прва придружничка, се пласира Американката Ниа Сначез, а на третото, однсно како втора придружничка – Украинката Дијана Харкуша.
Вега, на која ова и е прво учество на избор за убавица, изјави дека по победата планира да се посвети на обрзованието и да заврши факултет за бизнис администрација.