Би-Би-Си ја укина забраната за прикажување на ликот на пророкот Мухамед

Од:

Најголемата британска јавна медиумска компанија Би-Би-Си ја укина забраната што досега постоеше за прикажување на ликот на пророкот Мухамед за да не се повредат религиозните чувства на муслиманите.

Ваквата забрана која ги обврзуваше уредниците во информативниот и во другите сектори на Би-Би-Си да не го прикажуваат Мухамед во форма на лик, не беше определена од некоја владина институција туку од внатрешниот правилник за однесување, што постои во компанијата.

Би-Би-Си веќе ги „прекрши“ сопствените правила што доскоро строго се применуваа веднаш по терористичките напади во Париз, со објавувањето на карикатурите од француското списание „Шарли Ебдо“ чии главни карукатуристи, новинари и уредници се меѓу 17 жртви на нападите од исламистичките милитантни екстремисти.

Британската јавна компанија, која дејствува како радио-телевизиски јавен сервис во Велика Британија ги објави на своите програми карикатурите на францускиот весник, известувајќи за терористичките напади во Париз.

Во првичната реакција на Би-Би-Си беше речено дека промената на ставот околу ликот на муслиманскиот пророк, не треба да се поврзува со париските случувања и дека забраната била укината пред терористичките напади во францускиот главен град.

Недоразбирања се појавија откако еден ден по нападите во Париз, водечкиот новинар и водител на Би-Би-Си Дејвид Димблби, во една тв емисија тврдеше дека забраната за прикажување на ликот на Мухамед се уште е во сила, оправдувајќи го постоењето на ова правило.

Во официјалното соопштение од јавниот сервис што потоа уследи беше речено дека „упатството за однесување“ на новинарите и на уредниците е старо и дека тоа не ги одразува позициите на Би-Би-Си за слободата во изразувањето на уредничките ставови што ја имаат сите програми, дури и кога станува збор за „чувствителни теми и прашања“.

Во соопштението се вели и дека ова упатство или правилник на Би-Би-Си се наоѓа во фаза на прерарзгледување.

Реакциите на јавниот сервис доаѓа откако повеќе лондонски коментатори и весници реагираа на терористичкиот напад врз „Шарли Ебдо“ со истакување на „погрешната позиција“ во британската јавност за „политичката коректност“ за да не се повредат чувствата на една религиозна заедница.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он