Армијата на Камерун уби 143 припадници на Боко Харам

Од:

Армијата на Камерун убила 143 припадници на Боко Харам и тоа е најголем пораз на нигериската исламистичка група, објавија државните медиуми.

Бунтовниците биле убиени синоќа во напад врз камп во Колофата, во северниот дел од Камерун. Борбите траеле повеќе од пет часа, јави ДПА.

Владин портпарол наведе дека судирот завршил откако армијата ги бомбардирала бунтовниците, кои биле принудени да се повлечат кон границата со Нигерија.

Во судирот камерунската армија има само една жртва. Таа централно-африканска држава испрати повеќе од илјада војници во северниот дел од државата каде припадници на Боко Харам најчесто навлегуваат од Нигерија да вршат напади.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он