СДСМ во Струшко: Очај по хаваријата, се подготвуваат барања

Од:

Пратеникот на СДСМ од Струга Јован Митрески, претседателот на ОО на СДСМ Струга Даме Лозанкоски и советничката во Советот на општина Струга Ирена Мирческа денеска го поминаа денот со жителите на Јабланица, најголемото село во областа Долни Дримкол, струшко, кои беа 12 дена отсечени поради затрупаните патишта и без струја.

Луѓето кои ги минаа празниците во мрак, се жалат на материјални штети, од расипана и онаа малку храна што ја обезбедиле поради сиромаштијата до откажани електрични апарати, поради нестабилниот електричен напон.

DSC_0200

Велат дека досега никој од власта не дошол да ги види, ниту прашале за нивните проблеми.

Претставниците на СДСМ се интересираа како може да им се помогне на жителите од оваа област, Долни Дримкол, којашто беше зафатена од хаваријата во југо-западниот дел од Македонија, по првиот снег.

DSC_0191

Жителите ја споделија загриженоста за состојбата во којашто сега се наоѓаат и се интересираа за можните механизми да си ги бараат своите права. За почеток, е најавено поднесување барања за обештетување до електрокомпаниите.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски