Чавушоглу: Русија и Иран треба да помогнат во процесот на политичко надминување на сириската криза

Од:

Русија и Иран треба да дадат поддршка во процесот на политичко надминување на кризата во Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу, цитиран од ТАСС.

Тој потсети дека се планира во Москва да се оддржи нов круг преговори за надминување на сириската криза.

Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили е полноправна членка на сирискиот народ. Од напорите за обезбедување политички преод во Сирија не треба да се исклучува ниту една земја, вклучително и Русија и Иран. Сите земји треба да ја дадат поддршката во овој процес, рече Чавушоглу на прес конференција во Анкара со министерот за надворешни работи на Казахстан, Ерлан Идризов.

Според шефот на турската дипломатија, „контактите на Русија со сириската опозиција претставуваат природен тек од развојот на настаните во оваа земја“.

Турција и Русија имаат разлики за прашањето за надминувањето на сириската криза. Анкара смета дека е неопходно од власта да се острани сирискиот претседател Башар ал Асад и дека надминувањето на проблемот е невозможно со учеството на Асад. Москва, пак, од своја страна го смета Асад за законски избран и легитимен лидер на земјата и неговото учество во преговорите го смета за можно, забележува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства