Мекејлеб уште пет недели останува во Баерн

Од:

Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб го продолжи договорот со екипата на Баерн Минхен на уште пет недели. Во досегашниот дел од сезоната македонскиот репрезентативец одигра пет натпревари во Евролигата, но за жал неговата екипа не се пласира во ТОП 16 фазата.

Мекејлеб на петте натпревари има просек од 9,8 поени; 2,4 скокови и 3,6 асистенции по натпревар, а имаше и неколку добри настапи во германската лига.

Во својата досегашна кариера Мекејлеб во Евролигата има настапувано уште за екипите на Партизан, Монтепаси и Фенребахче.

Новиот договор во траење од пет недели е најверојатно од причина што тимот на тренерот Светсилав Пешиќ има неколку повредени играчи и неизвесно е нивното враќање на терен.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ