Самит Кина-Централна и Источна Европа во Белград

Од:

Во Белград денеска ќе започне Третиот самит на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, кој се одржува под мотото „Нови мотори, нова сила, нова платформа“.

На овој дводневен собор најавено е учество на околу 1.350 владини претставници и бизнисмени од Кина и Европа, меѓу кои и кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Самитот, што ќе се одржи во белградскиот „Сава центар“, ќе го отворат Ли и премиерите на Србија и Полска, Александар Вучиќ и Ева Копач.

Се очекува Копач во обраќањето да најави и формирање на заеднички мешовит економски комитет на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, чие седиште би било во Варшава.

На форумот ќе се претстват голем број кинески компании заинтересирани за инвестирање во регионот, а ќе се одржат и три тематски панел диксусии.

На маргините на собирот се очекуваат и голем број билатерални средби на владините претставници-учесници на Самитот.

Пред почетокот на Самитот, предвиден за попладнево, премиерите на Кина и шеснаестте други земји-учеснички, ќе присуствуваат на Бизнис форум посветен на можностите за инвестирање во регионот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија