Претседателот на Хашкиот трибунал Теодор Мерон изјави пред Советот за безбедност на ОН дека пресудата на воениот лидер на босанските Срби Ратко Младиќ ќе биде произнесена во март 2017 или подоцна, објави „Блиц“.
Претставувајќи го редовниот шестмесечен извештај пред СБ на ОН Мерон истакна дека Трибуналот нема да може да ја заврши работата до крајот на оваа година, како што тоа беше предвидено во претходните одлуки на СБ.
Тој истакна дека Трибуналот ќе може да го заврши мандатот до крајот на 2017 година.
Како причини за продолжување на работата на судот, Мерон го посочи доцното апсење на некои од обвинетите, отстранување судии, лошата здравствена состојба на некои од обвинетите и сложеноста на случаите.