Планетите Нибир и Анунаки се движат кон Земјата и би можеле да предизвикаат погубни ефекти на неа, предупреди портал„ Beforeitsnews.com“.
Според наводите Земјата е многу чувствителна поради влијанието на Планетата Икс и други кои ја опкружуваат во орбитата.
Тоа влијание предизвикува проблеми како што се создавање дупки на површина на земјата, земјотреси, дури и померување на тектонските плочи и ерупци на вулкани.
Наводно се забележани и чудни случувања со јадрото на Земјата, магмата се движи под електромагнетско дејство и се смета дека оттука доаѓа зголемената активност на вулканите.
Нибир се наоѓа во нашиот Сончев систем и се движи ретроградно, што значи дека предизвикува померање на другите планети од нивните оски и создава целосен хаос.
„Воениот документ на НАСА“ е еден од документите кои предизвикуваат голема вознемиреност и најверојатно е напишан токму поради доаѓањето на Нибир. Тој може да се смета за еден во низата обемни подготовки за доаѓањето на Анунакиј и Нибир.
Е. Г.