Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Од:

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, денеска во Скопје ќе се одржи традионалниот хуманитарен концерт „Аплаузи“, тркалезна маса и промоција на филмот „Најдолгите секунди“.

Под мотото „Сакам да пеам, можам да пеам – сакам да свирам, можам да свирам и сакам да играм можам да играм“ во Универзалната сала ќе се одржи традионалниот хуманитарен концерт „Аплаузи“. Концертот е во организација на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ во партнерство со Универзална сала, а ќе настапат деца од специјалните училишта, иснистуции и домови во Република Македонија. Покровител на третиот хуманитарен концерт „Аплаузи“ е министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Во организација на Институт за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија и неговите членки во Ректоратот на УКИМ ќе се одржи тркалезна маса на која ќе присустуваат министрите за образование и наука и за труд и социјална политика Абдилаќим Адеми и Диме Спасов.

Центарот за Даунов сундром Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе го одбележи со промоција на филмот „Најдолгите три секунди“ во Кинотеката на Македонија. Филмот е на Ефтим Трајчов Ѓаурски, а главната улога е на 21-годишниот Гоце Маринковски, лице со даунов синдром од Штип. Филмот зборува за неколку аспекти од животот на лицата со даунов синдром во нашата средина, односот на другите луѓе кон нив и суровоста со која многумина секојдневно се соочуваат.

Дел од настанот ќе бидат и фотографиите на Драган Гајиќ, Маја Аргакијева, Лидија Најдовска и Маја Јаневска-Илиев, кои прв пар беа изложени на 21-ви март, Светскиот ден на Даунов синдром.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска