Две лица веројатно се носители на вирусот на еболата во Мали, откако биле во контакт со девојка која пред две недели починала од оваа болест, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Во соопштението се наведува дека сега веќе почината девојка патувала од Гвинеја до Мали во друштво на својата баба, чичко и нејзината петгодишна сестра.
Во текот на патувањето се претпоставува дека таа била во контакт со вкупно 141 лице, од кои 57 се уште не се индентификувани.