Бушати: Не треба да се чекаат уште седум децении за посетата на албанскиот премиер на Србија

Од:

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека Албанија е подготвена да ги развива односите со Србија во еден нов дух и изрази надеж дека посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград, закажана за следната недела, ќе се реализира.

– Јасно ја покажавме нашата волја да ја посетиме српската престолнина и не сметаме дека треба да чекаме уште седум децении за да ја реализираме оваа толку важна посета, рече Бушати во интервју за каналот Франс 24.

Нагласувајќи дека спортот не може да управува со дипломатските односи, Бушати порача дека Албанија е подготвена да ги развива односите со Србија во нов дух, додавајќи дека за тоа е неопходна волјата на официјален Белград.

Тој исто така додаде дека албанската Влада повторно ги повикува српските власти да ја преземат одговорноста и да не ја префрлаат вината за инцидентот на натпреварот Србија-Албанија на албанската Влада и народ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски