Олси Рама: Немам ништо со инцидентот со леталото

Од:

Олси Рама, братот на албанскиот премиер кој е осомничен дека стои зад инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, пристигна денеска во Тирана и демантираше дека е поврзан со тој случај.

– Немам ништо со леталото…не разбирам од каде е таа приказна, изјави Олси Рама по доаѓањето во Тирана.

По инцидентот вчера тој беше приведен на стадионот околу 40 минути, а потоа пуштен. Рама ги оквалификува како „спекулации“ на српски медиуми дека тој го организирал инцидентот и оти управувал со леталото.

– Не сум ниту апсен ниту приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата стана хаотична и полицијата сите ги претресуваше. Им го покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути, тврди Рама кој во Тирана пристигна со делегација на албанската репрезентација. Селекцијата на аеродромот Ринас ја дочекаа неколку министри и неколку илјади навивачи.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски