Еди Рама: Соседите оставија лош впечаток за организацијата на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на синоќешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија во Белград, објавувајќи на Твитер дека соседите оставиле лош впечаток за организацијата.

– Горди бевме со црвено-црните додека се играше фудбалот, но за жал соседите оставија лош впечаток за организацијата, напиша Рама на својот налог на Твитер.

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016. беше прекинат синоќа во 42-та минута по инцидентот со албанското знаме.

Братот на албанскиот премиер, Орфи Рама беше уапсен синоќа во ВИП ложата на стадионот „Партизан“, под сомнение дека го организирал и раководел со инцидентот со албанското знаме, по што натпреварот беше прекинат. Подоцна тој беше ослободен и вратен во Албанија. 

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски