Ослободени 27 заложници киднапирни од Боко Харам во Камерун

Од:

Вкупно 27 заложници, кои во текот на оваа година беа киднапирани од страна на припадници на исламистичката група Боко Харам во Камерун, се ослободени, соопштија денеска камерунските власти.

Меѓу ослободените заложници се и 10-мината кинески работници, кои во мај годинава беа киднапирани во градот Вазе што се наоѓа во близина на границата со Нигерија, како и сопругата на камерунскиот вицепремиер, која заедно со нејзината послуга беа киднапирани во јули во пограничниот град Колофати.

Во соопштението се посочува дека припадниците на Боко Харам им ги предале 27-мината заложници на камерунските власти во текот на минатата ноќ.

Групата „Боко Харам“, што во првод значи „Западното образование е погрешно“, се залага за создавање на исламска држава во северниот дел на Нигарија и околните пограничи реони во соседните земји. Во напади на припадници на групата во последните над четири години загинаа неколку илјади лица. Групата првично дејствуваше само во Нигерија, но последнава година изврши и неколку напади во пограничните реони во Камерун.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он