Загинаа момче и девојка во Србија

Од:

Андраш Јожа (24) и Адел Керекеш (20) двајцата од Фекетиќ загинале во страотна сообраќајна несреќа во Мал Иѓош.

Тие настрадаа кога со моторот марка Хонда излетале во кривина и удриле во ѕид од куќа во Бачка улица. Трагедијата се случи вчера у 3.45 часот. Пријателот на Јожа кој дошол на местото на несреќата, веднаш по страотниот судар не можел да поверува дека го загубил другарот.

-До 1.30 ноќта бевме заедно. Отидов дома и околу 4 ми се јавија да ми кажат за трагедијата. Кога стигнав не можев да верувам. Двајцата лежеа на земја. Андрааш беше пред моторот, а Адел покрај него. Тој веднаш загинал, а таа уште некое време беше жива, но почина пред да стигне Брзата помош, вели нивниот пријател.

Според неговите зборови на местото на несреќата биле и другите пријатели на загинатите.

-Не престануваа да плачат. Кога го прашаа таткото на Андраш што да прават со моторот, тој рече носете го каде сакате, само не близу куќата, вели пријател на загинатото момче.

Пред несреќата тие биле во дискотека, од каде заинале на некоја свадба. Веројатно таму поминале некое време, а потоа тргнале дома кон Фекетиќ. Но на раскрсницата удриле во куќата. Како дошло до трагедијата ќе покаже истрагата, а пријателите споменаа дека момчето долго време возело мотори.

На ѕидот во кој удри моторот вчера имало уште ситно делови од моторот и траги од крв. Улицата по која се движел моторот е стрмна и на тој дел има поостра кривина. Наместо да заврти на кривината, моторот продолжил право. Прво удрил во телефонската кутија, а потоа во ѕидот.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on