Од Малезија, кон петте африкански држави загрозени од ебола денеска тргна пратка во која има 11 контејнери во кои има по 1,9 милиони пара гумени ракавици.
На свеченоста по овој повод говореше и малезискиот премиер Датук Тун Разак, кој рече дека ова треба да биде пример за хуманитарна поддршка и од страна на другите азиски држави.
Пратката со над 20 милиони гумени заштитни ракавици е наменета за Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, а по еден контејнер со 1,9 милиони пара ракавици ќе биде испорачан во Конго и Нигерија.