Продолжи судењето на Младиќ

Од:

Во Хашкиот трибунал продолжи судењето на поранешниот командант на армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, обвинет за воени злосторства и геноцид со изјавите на новиот сведок.

Заштитениот сведок „РМ-066“ ги кажа своите сведоштва на средбата која беше затворена за јавноста. За него обвинителот Дермонт Грум рече дека бил „инсајдер“, односно дел од непосредното опкружување на обвинетиот.

Судијата Алфонс Ори на почетокот на денешното судење објави дека Судскиот совет го прифатил барањето на одбраната, вкрстено да се испитуваат аргументите на Дејан Иветиќ и Ненад Петрушич кои се однесуваат на сведокот, иако тие не се одредени како бранители во овој случај.

Ова барање е прифатено под услов да се присутни во судницата главниот бранител и неговиот помошник.

Генералот Младиќ е обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите на војната во Босна и Херцеговина од1992 година до 1995 година.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска