Путин, Порошенко, Ештон и Етингер ќе учествуваат на самитот на Царинската унија и Украина на 26 август во Минск

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, еврокомесарите за трговија и за енергетика, Карл де Гухт и Гинтер Етингер, украинскиот претседател Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин ќе учествуваат на самитот на Царинската унија и Украина во Минск на 26 август.

Прес-службата на Европската комисија соопшти дека претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо им наложил на Ештон, Де Гухт и Етингер да ја претставуваат Унијата на самитот, а за својата одука го известил и украинскиот претседател Петро Порошенко, со кого разговарал по телефон вчера и денеска.

Барозо го поканил Порошенко во блиска иднина да го посети седиштето на ЕУ во Брисел.

Иницираната од Москва Царинска унија ги обединува Белорусија, Казахстан и Русија и е дел од т.н. Евроазиска економска унија.

Рускиот претседател Путин ќе учествува на самитот во Минск, потврди прес-службата на Кремљ.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека претседателот ќе има повеќе билатерални средби во главниот град на Белорусија, но не прецизираше со кого.

– На разговорите во Минск ќе биде разгледана катастрофалната ситуација во источна Украина, посочи Песков.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје