Никој не ги сакаше моите филмови, ме третираа како бесчувствителен дилетант и егоист – се пожали Бен Афлек.
Холивудската ѕвезда рече дека се било заради неа, Џенифер Лопез.
„Нашата врска беше неквалитетна. Снимав лоши филмови, а заради неа стално бев по медиумите“ – се пожали глумецот.
Врската со пејачката започна во 2002, а две години подоцна раскинаа. Заедно ја снимија романтичната комедија „Gigli“, а тој се појави и во нејзиниот спот за синглот „Jenny From The Block“.
„Бев обележен како „оној што беше со Џенифер Лопез„. Никој не ги сакаше моите филмови, ме сметаа за дилетант и егоист. Не е убаво кога ќе слушнеш такви муабети за себе. Сите знаеа само за 2003 , која е за мене дефинитивно најлошата година во животот“ – заклучи Бен.
Денес е во брак со колешката Џенифер Гарнер со која има 3 деца.