Најмалку петмина алпинисти загинаа на Мон Блан

Од:

Шестмина француски алпинисти, меѓу кои и еден искусен водич, исчезнаа во текот на минатата ноќ на падините на врвот Мон Блан, јави дописникот на МИА од Париз.

Спасувачките екипи досега успеаја да ги пронајдат телата на петмина од исчезнатите алпинисти, кои се упатиле во освојување на врвот Егуј д’Аржантиер, минувајќи преку т.н. Тур Нуар (Црна Кула) траса.

Спасувачите продолжуваат да трагаат по шестиот алпинист, кој официјално се уште се води како исчезнат.

Причините за смртта на алпинистите не се познати.

Временските услови на Француските Алпи и посебно на Мон Блан се многу тешки. Од вчера, со мали прекини, посотјано врне силен дожд, а облаците се спуштени над падините.

Би можело да ве интересира

Несреќа на Паг: Еден маж загина при искачување на карпа, спасувачите се мачат да стигнат до вториот алпинист

Горан Наумовски

Спасувачка акција за македонски планинар – со смрзнатини и во тешки услови го искачи четвртиот највисок врв во светот

Анита Петровска Рајковиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Ден на жалост во Радовиш по загинувањето на двајцата алпинисти

Спортски качувачи се натпреваруваа по карпата на Демиркаписка клисура

Ана Ололовска