Најмалку 71 лице загинаа во вчерашната експлозија во фабрика во Кина

Од:

Најмалку 71 лице загинаа, а повеќе од 180 се повредени во вчерашната експлозија во фабрика за авто-делови за американски произведувачи на автомобили во градот Куншан, во источната кинеска провинција Џангсу.

Експлозијата се случи вчера изутрина, околу 7.30 часот по локално време, во фабриката за производство на автоделови за различни компании, меѓу кои и за „Џенерал моторс“.

Резултатите од прелиминарната истрага покажуваат дека експлозијата била предизвикана од прашина, формирана додека работниците полирале метал, во допир со отворен оган, соопшти кинеската Влада, опишувајќи го инцидентот како сериозно кршење на безбедносните прописи.

Приведени се неколку менаџери од фабриката.

Вработен во обезбедувањето во друга фабрика раскажа дека експлозијата била толку силна што ги искршила прозорците од неговата чуварска куќичка, сместена на околу 500 метри од местото на експлозијата.

– За 20 години, колку што се занимавам со оваа работа, никогаш не сум видел толку пациенти со изгореници на повеќе од 80 отсто на телото, напиша еден лекар на социјалниот микроблог Веибо.

Тој предупреди дека конечниот број на жртвите би можел да биде „многу голем“.

Властите во Куншан соопштија дека во моментот на експлозијата во фабриката имало 264 работници, од кои 44 починале веднаш.

Според неофицијални информации, голем број луѓе настрадале затоа што менаџерите ја заклучиле вратата за да спречат работниците да одат во тоалет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Силен земјотрес ја погоди Кина

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

Адидас истражува случај на корупција во Кина, проценет на стотици милиони евра

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна