Познатата водителка на „BBC“, Џил Дандо, која што беше убиена во 1999 година на влезот од својот дом во Лондон, неколку години претходно барала од своите уредници да започнат истрага за педофилскиот ланец внатре во медиумската куќа. Убиството на 37-годишната водителка Дандо се уште не е расветлено, а се претпоставува дека ја убил платен убиец.
Нејзин поранешен пријател и колега, кој што сега е во пензија на новинарите на „Дејли Стар“ им раскажал дека таа дознала дека големи ѕвезди во „BBC“ се вплеткани во педофилскиот ланец во време и дека тоа било „најголемата“ тајна.
Документите им ги предала на своите уредници, но се останало сокриено. Дури сега, дваесетина години подоцна, на виделина излегоа делови од мрачните приказни. Во 2012 година беше покрената полициска истрага за злоставување на деца и педофили од оваа медиумска куќа. Повеќе до 200 лица сведочеа за ланецот на злосторства, долг четири децении.
Е. Г.