Светската здавствена организација (СЗО) повторно предупредува дека Западна Африка е под влијание на најкрвавата појава на ебола, бројката расте, досега има 467 жртви и 759 заразени.
Стапката на смртост е зголемена за 38 отсто од последниот извештај од СЗО за епидемии и смртоносни болести.
Најсериозно се погодени земјите во регионот – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, кои спаѓаат во најсиромашните земји во светот, и тоа е причината зошто експертите повикуваат на итна помош од меѓународната заедница.
Денеска во Гана ќе се одржи дводневна конференција на која ќе бидат повикани сите министри за здравство од целиот западноафрикански регион за да се донесе одлука за „драстична акција“ со што ќе се спречи ширење на болеста.
– Одлуките од оваа конференција ќе бидат од суштинско значење за да се реши моменталната ситуација , како и за спречување на епидемиите во иднина, се наведува во соопштението од СЗО,.
Од моментот на појава на епидемијата во Гвинеја во јануари, СЗО испратила 150 експерти во регионот, но и покрај тоа бројот на заразени и жртви значајно е зголемен.
Организацијата „Лекари без граници“ од минатата недела предупреди дека вирусот се шири „надвор од контрола“ и пренесува дека стапката на смртност во претходните епидемии изнесувала дури 90 проценти. Предупредуваат дека еболата може да почне да се шири и во други земји.
Експертите веруваат дека болеста добила замав бидејќи владата во април многу рано ги намалила мерките кои биле преземени за ширење на епидемијата. Загрижувачки е фактот што болеста се проширила во густо населено место како што е главниот град на Гвинеја, Конакрија.
Британскиот „Скај њуз“ пренесува дека многу луѓе од Либерија која е една од најсиромашните држави во светот кријат од властите ако препознаат симптоми на ебола затоа што се плашат од исфрлање од заедницата во која припаѓаат.
Болеста исто така се шири и поради локалните обичаи кои наметнуваат чување на телото седум дена во домот како и бакнување на телото и ставање храна во усната празнина.
Смртоносната ебола предизвикува дијареа и повраќање, губење на функцијата на бубрезите и црниот дроб и може да предизвика надворешни и внатрешно крварење.