Колумбискиот фудбалски репрезентативец и член на Монако, Радамел Фалкао изрази желба кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.
Според пишувањата во шпанските медиуми Фалкао веќе ги одбил понудите од премиерлигашите Тотенхеми и Челзи и рекол дека го интересира само европскиот првак Реал.
Тој на почетокот од минатата сезона од Атлетико Мадрид прејде во Монако и со клубот од Кнежеството има важечки договор до 2018 година. Новиот тренер на Монако изјави дека Фалкао не се вклопува во неговиот систем на игра и индиректно најави евентуален трансфер на колумбискиот репрезентативец.
Поради повреда и операција на коленото Фалкао не настапува за Колумбија на Мундијалот во Бразил.