Кога основачот на „Плебој“, Хју Хефнер ќе рече „не“, значи не. Иако на прв поглед се чини дека за да се биде на насловна на ова списание за мажи, потребно е само да се биде жена и да се имаат солидни „атрибути“ како на пример руса коса, бујни гради и познато име, сепак многу жени кои ги исполнувале условите, си добија „корпа“.
За начинот на кој се случило тоа, многумуна не коментираат, но сепак и од она малку што се знае, очигледно е дека славниот старец бил многу суров кога нешто не сака.
Кејт Гослин
Таа можеби си поминала и најлошо. Хју и рекол „Не, не, не“ и не престанал да вика „не“. А на прашањето зошто, објаснил: „Па не мислам дека си позната“.
Одрин Пејтриџ
Таа само ги испратила своите фотографии кои и така веќе без нејзина дозвола се прошириле на интернет, а „Плејбој“ едноставно ја одбил. Не поминала толку лошо.
Кели Озборн
Во 2006 година Кели изразила желба да биде дел од популарното списание, со мала молба дека за нејзините гради можеби ќе треба малку фотошоп.
Хју одговорил дека не мисли така и: „Ние не го користиме фотошопот“.
Бриџит Маркард
Таа како една од девојките на Хју, глумеше во ТВ серијата „The Girls Next Door“, но сепак не успеа да ја отвори вратата на „Плејбој“.
Сепак Хју не ја остави да тагува, па си ја прибра во своето „царство“.
Бритни Спирс
Не дека беше одбиена, но беше ставена во „мирување“ се додека не престане да се однесува чудно.
Тату
Членките на рускиот бенд „Тату“ многу сакаа да бидат фотографирани за „Плејбој“, се разбира кога ќе наполнат 18 години, но уредниците на американското и германското издание не го одобрија тоа.
Ширли Џонс
Таа можеби има околу 75 години, но пробните фотографии кои ги направи за списанието, Хју ги одбил затоа што сакал повеќе голотија.
Па да имате толку години и Хју да посака да се соблечете уште, веројатно е комплимент.