Честите напади од страна на јавните личности и разните коментари за Станија Добројевиќ во последно време се се пожестоки. Таа како одговор на сите нив направи фотографија во 3-де форма, им ја остави на сите нив и денеска замина за Америка, каде што ќе остане во наредните два месеци.
„Фотографијата е во 3-де формат, не е претенциозна, ниту пак е направена да му наштети на некого. Ја направивме со намера да биде различна од сите мои слики, со многу детали и критериуми вообичаени за Западот. Целта е да покажеме како луѓето од јавната сцена ме доживуваат и коментирааат за мене“, вели Станија и додава „Тие буквално ме распнаа!“.
„Hello Kitty“ бил нејзиниот омилен лик, па и тој се нашол на сликата преставувајќи ги нејзините фанови кои секогаш биле со неа, објаснува таа.