На централниот терен на Ролна Гарос „Филип Шатрие“ денеска се играат мечевите од полуфиналето од машка конкуренција. Први на теренот во 13 часот ќе се појават Новак Ѓоковиќ и Ернест Гулбис.
Скорот во меѓусебните дуели е 4:1 за Ѓоковиќ, кој ако победи на турнирот ќе го мине Рафаел Надал на првата позиција. На земјена подлога Ѓоковиќ и Гулбис имаат играно 2008 година (Ролан Гарос), кога српскиот тенисер победи со 3-0 во сетови. Гулбис на турнирот во Париз дојде откако триумфираше на турнир во Ница.
Во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал и Енди Мареј. Ова за нив ќе биде вкупно 20.ти меч, а Надал има подобар биланс 14:5. На Ролан Гарос имаат одиграно еден меч во полуфиналето 2011 година кога победа од 3-0 во сетови постигна Надал, кој има и максимални пет победи на земјена подлога против Мареј.
Инаку, Шпанецот Надал има освоено осум пехари во Париз и биланс од 64 победи, а само еден пораз од Робин Содерлинг (Шведска) 2009 година (4.коло).
Во женското финале во сабота ќе играат Марија Шарапова (Русија) и Симона Халеп (Романија).