ЕУ ќе им помогне на Србија и БиХ

Од:

Лидерите на ЕУ изразија солидарност со народите на Србија, БиХ и Хрватска кои претрпеа големи штети од поплавите, кои го зафатија регионот и наведоа дека ЕУ ќе им помогне.

Тоа на крајот од заседанието на шефовите на држави или влади во ЕУ го соопшти претседателот на Еврпскиот совет, Херманван Ромпеј кој рече дека лидерите на Унијата ја разгледале состојбата со поплавите на Балкан и дека Европската комисија работи на усогласен пристап на тоа, како да ја искаже својата солидарност.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо исто така изјави дека на барање на владите на Србија и БиХ, ЕУ веднаш го активирала својот механизам за цивилна заштита и давање помош и дека Координативниот центар на Европската комисија за вонредни состојби обезбедил екипа за спасување на државите членки на ЕУ, како и опрема со усогласена помош на терен.

Тој нагласи дека покрај таа помош ЕУ исто така може да пружи помош и од својот Фонд за солидарност и на Србија ќе и биде доделена помош како да е држава членка на Унијата.

Барозо рече дека сега властите на Србија треба да направат проценки за штетата и дека помошта за краток период ќе биде обезбедена.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина