(ВИДЕО) Србија: Вонредна состојба во пет градови и 13 општини, евакуирани 500 лица

Од:

Вонредна состојба поради поплави и временски непогоди е прогласена во пет градови и 13 општини во Србија, соопшти изутринава Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека се евакуирани 500 лица.

Во соопштението се наведува дека вонредна ситуација е прогласена во градовите Ваљево, Шабац, Лозница, Чачак и Зајечар и општините Осечина, Коцељева, Лајковац, Уб, Љиг, Горни Милановац, Мали Зворник, Пожега, Владимирци, Кошериќ и Обреновац.

Најкритична е ситуацијата на територија на Колубарскиот, Мачванскиот и Моравскиот округ, каде има зголемување на водостојот и излевање на реките Колубара, Јадра, Тамнава, Деспотовица, Чемерница и Баричка Река.

Секторот за вонредни ситуации на Србија ги ангажира сите расположливи сили за заштита и спасување.

За спасување, евакуација и згрижување на загрозените моментално се ангажирани сите тимови за спасување и работа на вода на Секторот за вонредни ситуации, 498 припадници на протипожарните и спасувачки единици, 100 припадници на полицијата и 100 возила, 43 пумпи и 23 чамци, се наведува во соопштението.

srbijaPoplavi15maj

Ангажирани се 180 припадници на Армијата на Србија, со два чамци и три пумпи.

Во областите зафатени од поплави во прекин е сообраќајот на голем број патни правци.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија