Само неколку часа пред доаѓањето на свет на нејзината ќерка, оваа Американка била во фитнес-центар, каде кревала товар речиси двојно потежок од сопствената тежина.
Дека Меган Ледерман е фитнес фанатик јасно е на прв поглед. Оваа 30-годишна жена од Аризона во текот на целата втора бременост, и тоа заедно со нејзиното прво дете, одела најмалку четири пати неделно во фитнес центар, а секој ден го шетала нејзиното куче по ридско-планинската рута, долга речиси пет километри.
Меѓутоа, дури ни во 40-тата недела од бременоста, па дури ни оној ден кога почнаа првите контракции, таа не сакала да отстапи од редовниот тренинг. Така Меган во моментот кога била отворена еден сантиметар со поддршка на нејзиниот сопруг Чед, успеала од клечење да крене тежина од најверојатни 97,5 килограми.
Само неколку часа подоцна, роди целосно здраво девојче, кое по раѓањето било тешка три килограми и го доби името Флоренс. Меган очекува дека на нејзиниот редовен режим на вежби ќе се врати веќе три недели после породувањето.
– Самиот факт што сум фит и се занимавам со крос-фитнес ми помогна да забременам. Не знам зошто да се откажувам од вежбање кога тоа многу ми годи, ги објасни нејзините методи оваа невопечена мајка.