Маскиран напаѓач ограби банка во Белград

Од:

Непознат маскиран маж денеска ограби банка во Белград, објави електронското издание на весникот „Блиц“.

Маскираниот маж со пиштол им се заканил на вработените на „Уникредит“ банката, по што тие му предале два милиони динари (17.300 евра), 23.000 евра и 2.000 долари (1.440 евра).

Иако претходно кажал дека ги држи службениците како заложници, бидејќи ја алармирале полицијата, мажот пред да пристигне полицијата избегал во непознат правец. Во тек е потрага по него.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија