Филе: Верувам дека членството на Србија во ЕУ е реално

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска во Белград дека Брисел го поддржува европскиот пат на Србија и нагласи дека на тој пат има три главни приоритети, економското заздравување на земјата и реформите, воведување на владеењето на правото и нормализирање на односите со Приштина.

– Пред неколку дена ја одбележавме десетгодишнината од најголемото проширување на ЕУ. Европската интеграција на Србија во 2004 година изгледаше како далечна иднина, а денес тоа е очигледен процес. Уверен сум дека Србија има способност таа можност  да ја направи реалност, нагласи Филе.

Српскиот претседател Томислав Николиќ истакна дека Филе е човек кој за време на неговиот мандат ја изменил сликата за Србија и постојано јасно ја изразувал својата посветеност и поддршката земјата да стане членка на ЕУ и другите држави да ги повлече со себе.

– Не очекувам дека ЕУ на кој било начин ќе го запре тоа што Србија го постигна во европските интеграции. Персоналните решенија се на ЕУ, а исполнувањето на обврските се на нас, порача Николиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија