Македонската тениска Дејвис куп репрезентација во состав Димитар Грабул, Томислав Јотовски, Шендрит Деари и Бојан Јанкуловски во Сегедин ќе настапува во рамки на Третата Европска зона.
Тимот предводен од селекторот Дејан Маринковиќ во понеделник ќе патува за Унгарија, а Македонија е рангирана како еден од носителите во првата група заедно со домаќинот Унгарија, Естонија и Грузија.
Потенцијални ривали од втората група се Малта, Црна Гора, Турција и Ерменија. Во третата група се наоѓаат селекциите на Сан Марино, Лихтенштајн, Албанија и Исланд.
Натпреварите ќе стартуваат на 7 мај. Двете најдобропласирани селекции следната година ќе играат во Втората Евро-африканска зона.