На Фејсбук и Твитер, многу коментари и јасно барање познатиот српски рокер Бора Чорба прво да му се извини на целиот македонски народ, па потоа ќе може да пее на завршната вечер на „Пиволенд2012“.
Многумина се сеќаваат и не можат да му ги простат контроверзните изјави на Бора Ѓорѓевиќ, дека Македонија не постои.
Граѓаните реагираат, градот Скопје е спонзор на „Пиволенд“, и не може со македонски пари да се плаќа некој кој за нас вели дека Македонија е јужна српска бановина .
Не му ја забораваат ни неприфатливата и несоодветна наводна шега:„Македонците се Срби со тешката говорната маната“.