ВИДЕО: Мадона и други познати личности се појавија на антирасистичките протести во Лондон

Од:

Илјадници луѓе се собраа во главниот британски град да маршираат на централниот плоштад во близина на британскиот законодавен дом барајќи правда за Афроамериканецот Џорџ Флојд како и за сите жртви на полициската бруталност досега.

Демонстрантите беа изненадени кога музичката ѕвезда, Мадона се појави за да ги поддржи протестите.

Мадона ги воодушеви обожавателите со тоа што се обрати на протестот „Black Lives Matter“ потпирајќи се на патерици бидејќи има повреда на коленото уште од минатата година.

Покрај музичката легенда на протестот се придружија и други познати личности како Ентони Џошуа и Борис Бекер.

Фотографиите од присуството на поп-ѕвездата во толпата народ ги споделија обожавателите на Твитер и ја покажаа како пешачи со патерици.

Таа беше принудена да откаже бројни ревии на турнејата „Мадам Х“ претходно оваа година, поради повреда на коленото, но тоа не ја спречи денес да биде дел од масовните антирасистички протести во британската престолнина.

Протестите низ целиот свет започнаа минатата недела откако Флојд беше убиен од полициски службеник во Минеаполис, Минесота.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски