Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Од:

На денешната седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, прифатен беше амандманот на Левица за бришење на член 13 од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина. Со ова се спречува укинувањето на законската рамка за идентификација, управување и санација на контаминираните подрачја, односно еколошките жешки точки во Македонија, велат од партијата.

Образложувајќи го амандманот, пратеникот на Левица, м-р Сашко Јанчев, предупреди дека државата наместо да ги санира опасните индустриски наследства, предлага укинување на законските механизми со кои треба систематски да се решаваат овие проблеми.

„Во Македонија има повеќе еколошки жешки точки. Тоа се контаминирани подрачја, остатоци од поранешни индустриски капацитети и рудници кои зад себе имаат оставено канцероген отпад кој е штетен по животната средина и по здравјето на луѓето“, истакна Јанчев.

Како особено загрижувачки примери ги посочи Лојане и Ваксинце, каде што се наоѓаат стотици илјади тони јаловина со арсен и антимон, како и илјадници тони арсенов концентрат.

„Во Лојане и Ваксинце има околу 450.000 тони јаловина на арсен и антимон и околу 10.000 тони чист арсенов концентрат. Ова е канцероген отпад кој стои на отворено и е во прашкаста форма. При секој ветер тој се крева во воздух и се разнесува до локалното население, коешто овој канцероген материјал го дише“, нагласи Јанчев.

Тој предупреди и на опасноста од шестовалентниот хром во близина на поранешниот индустриски комплекс „Југохром“, посочувајќи дека станува збор за канцерогена материја растворлива во вода, која може да навлезе во подземните води.

Би можело да ве интересира

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он