Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Од:

Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, се најде во Софија и покрај тоа што е на стоп-листа за напуштање на Македонија. Министерството за внатрешни работи, пак, нема евидентиран излез на Михаилова од државата! Нејзиниот татко, Симеон Михаилов, осуден на 13 години затвор за обид за убиство во случајот „Детонатор“, со години се крие во Бугарија од издржувањето на казната. Таткото и ќерката во Бугарија, надвор од дофатот на македонските институции, а МВР на Тошковски повторно докажува дека не е способно да ги спроведе ниту сопствените мерки, велат од Левица.

– Уште колку луѓе треба да ни избегаат за да признаеме дека безбедносниот систем ни е крахиран? Границите ни се швајцарско сирење – криминалот, шверцот и бегствата од правдата со години ја разобличуваат неспособноста на МВР да ја контролира сопствената територија.

Панче Тошковски секојдневно докажува дека интерпелацијата на Левица беше повеќе од оправдана! Со 17 точки ја образложивме неговата политичка одговорност, а оттогаш скандалите само се редат. Тошковски нема капацитет да гарантира ниту основна безбедност, ниту спроведување на мерките што ги изрекуваат судовите. МВР под негово раководство потфрла во своите најосновни задачи. Министер што не може да гарантира контрола на границите нема кредибилитет да ја води безбедносната политика на државата!

Тимчо Муцунски пред само неколку дена во Софија преговараше за македонско-бугарските односи и бугарското вето. Дали зад затворени врати се договарало замижување пред бегството на Михаилова во замена за бугарско попуштање околу ветото? Дали власта е подготвена да ги жртвува владеењето на правото и одговорноста на институциите за да добие привидно придвижување кон ЕУ?

Наместо правда и сигурност, граѓаните добиваат порака дека доволно е да се најдеш од другата страна на границата за да станеш недостапен за македонските институции. Тоа е пораз на правната држава, а последиците за ваквата состојба не смеат повторно да изостанат. Панче Тошковски мора да понесе одговорност за безбедносниот дебакл што се случува под негово раководство, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски