Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Од:

Артан Груби „избега” од Македонија, 14 месеци беше недостапен за органите на прогонот, се врати и заврши во куќен притвор. Додека ДПМНЕ глумеше бескомпромисна пресметка со Груби, зад кулисите се договараше поделбата на милионскиот колач од „Бехтел и Енка“ – дилот си тече, а денес по истекот на законскиот рок, Груби е слободен граѓанин, тврдат од Левица.

– Договорот со „Бехтел и Енка“ е милијардската зделка што ги поврзува коруптивните шеми на ДУИ и ДПМНЕ. Договорот беше склучен во времето на ДУИ и СДСМ, а ДПМНЕ, наместо да ги расчисти сомнежите по доаѓањето на власт, продолжи со неговата реализација. Во меѓувреме, во сопственичката структура на „Електра Солушнс“, фирмата ангажирана за надзор, влезе Бојан Савески, кадар на ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски. Две години МВР под раководство на Тошковски не ги расчисти сомнежите за овој тендер. ДУИ го договори милијардскиот бизнис, ДПМНЕ го презеде и продолжи, а одговорноста остана закопана.

Дилот е едноставен: ДПМНЕ и ДУИ си ги чуваат грбовите, а провизиите од „Бехтел и Енка“ се заеднички интерес! Додека Мицкоски глуми бескомпромисен борец против ДУИ, Груби излегува од куќен притвор, а милијардскиот проект продолжува без одговорност за сомнежите што го следат. Едните добиваат слобода од одговорност, другите продолжуваат со договорите. Народот нека верува во нивната наводна војна.

Груби не е само симбол на корупцијата на ДУИ, туку и доказ за политичкиот пазар на ДПМНЕ, кое го претвори во инструмент за предизборно собирање поени, а сега му овозможува комотен излез од притвор. Нема никаква пресметка со криминалот – има договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ за меѓусебна заштита и зачувување на милионските интереси околу „Бехтел и Енка“. Мицкоски не ја урна шемата на ДУИ, туку ја презеде власта за да продолжи да ја управува, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он