Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

Од:

По сите обиди да се продаде приказната за прослава од „нула денари“, директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, сега се обидува да нѐ убеди дека за издвојување на 300 милиони денари е доволен записник од седница на Владата. На прашањето дали постои записник од Собранието на акционери со кој се одобрува ваквата операција, тој повторно се повика на владината одлука, тврдејќи дека Владата настапувала во својство на акционер, соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „Државна лотарија е акционерско друштво во кое одлуките за располагање со средствата мора да се носат согласно законски пропишаните процедури. Владата како претставник на единствениот акционер не може само со налог да ги заобиколи тие процедури, ниту да го замени потребниот акт за одобрување на исплатата од 300 милиони денари со повикување на владин записник“.

„Климовски дури и самиот изјави: „Дали ќе бидат одлуки формални или ќе бидат во нашиот записник, во текстот на записникот, тие нѐ обврзуваат“. Со вакво објаснување, директорот практично бара од граѓаните да прифатат дека формата, надлежноста и документацијата се споредни кога Владата ќе каже каде да одат парите. За ДПМНЕ, очигледно, навиката да ги држи институциите под партиска контрола создава илузија дека може да ги заобиколува законите секогаш кога ќе ѝ затреба на партијата. Кога институциите се третираат како партиски продолжени раце, а не како органи што располагаат со јавен капитал, не е чудно што сега, фатени во тесно, наместо со документи да одговорат на прашањата, се обидуваат да ја релативизираат сопствената одговорност“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он