Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напади во Украина

Од:

Жена и четиригодишно дете загинаа во напад на руски дрон врз Чернигов, соопшти началникот на Градската воена управа на Чернигов, Дмитро Брижински.

– Еден дрон погоди станбена зграда. Загинаа жена и четиригодишно дете, додека 14-годишно дете е повредено, наведе Брижински во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Во меѓувреме, во Херсонската област, како последица на руските напади, загинало едно лице, а уште 12 се повредени, соопшти шефот на регионалната државна администрација, Александар Прокудин, во објава на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ватикан повика на крај на војната во Украина по разговорите со Лавров

Зеленски: Предавањето не доаѓа во предвид

Песков: Надворешното управување со Донбас е невозможно

Москва: Западните лидери ги лажат граѓаните дека Русија може да биде поразена

ISW: Путин создава услови за масовна заплена на приватен имот за да ја финансира војната

Фицо: Украина не смее да ги прескокне Србија и другите кандидати на патот кон ЕУ