Москва: Западните лидери ги лажат граѓаните дека Русија може да биде поразена

Од:

Агресивната и воинствена линија на западните земји кон Русија продолжува, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи ги како примери неодамнешните изјави на финскиот претседател Александар Стуб и британскиот премиер Енди Бернам.

„Земајќи ја предвид линијата што ја следат западните земји, можеме да кажеме дека воинствената, агресивна линија кон нашата земја продолжува…“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости.

Песков оцени дека Стуб и Бернам сакаат конфликтот во Украина да продолжи и ги лажат своите гласачи за можноста за пораз на Русија.

„Тие се истакнаа во последните денови со такви воинствени изјави. Тие сакаат војната да продолжи. Ги лажат своите гласачи велејќи дека Русија може да биде поразена. Ова е огромна измама“, рече Песков.

Тој нагласи дека Русија мора да преземе потребни мерки за да ја обезбеди сопствената безбедност.

Би можело да ве интересира

ISW: Путин создава услови за масовна заплена на приватен имот за да ја финансира војната

Авион на американските воздухопловни сили слета во Москва

Барнам од Киев: Украина е првата линија на одбраната на Европа, поддршката продолжува и покрај заканите од Москва

Кремљ: Велика Британија долева масло на огнот во украинскиот конфликт

(ВИДЕО) Руската војска собори ракета „Фламинго“ ФП-5 со митралез

Москва: Киев ја отвори Пандорината кутија, одмаздата ќе ја чувствува секој ден и ноќ