Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Од:

Изјавите на Европската унија во врска со потребата да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија го прават дијалогот со Брисел невозможен, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Сега гледаме двајца лидери (финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе) кои одлучија да се вклучат во разговори како претставници на своите држави, додека речиси сите други – а што е најважно, и Брисел – продолжуваат да зборуваат исклучиво за нанесување стратешки пораз на Русија. Со оглед на таков пристап, невозможно е да се води разговор со нив“, оцени Песков.

Според Песков, Европа би требало да биде на преговарачката маса кога станува збор за решавање на ситуацијата во Украина; сепак, со оглед на нејзиниот моментален пристап, таквото учество би било бесмислено.

„Тоа е многу сложено прашање. Од една страна, тие би требало да бидат на преговарачката маса. Но, што би правеле таму, со оглед на нивниот моментален пристап? Тоа е бесмислено. Токму затоа тие сега не се таму“, рече Песков, пренесува „Спутник“.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски