Трамп го забележа портпаролот на Путин и му упати неочекуван комплимент: „Одлично си ја вршите работата“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп привлече внимание со необичен гест пред почетокот на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во кинескиот град Шенжен. Додека влегуваше во просторијата каде што требаше да започнат разговорите, Трамп застана покрај портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, и му упати неочекувана пофалба.

„Одлично си ја вршите работата“, му рекол Трамп на Песков, според извештаите на новинарите од Белата куќа кои го следеле почетокот на средбата.

Американскиот претседател притоа пријателски го допрел рускиот функционер по раката, а потоа продолжил кон Путин.

Снимката од овој момент привлече внимание поради непосредниот однос што Трамп го покажа кон еден од најважните претставници на руската администрација.

Но, комплиментот кон Песков не бил единствениот пријателски гест на Трамп кон руската делегација.

При пристигнувањето, американскиот претседател покажал кон Путин и пред присутните изјави: „Тој е мој пријател“.

 

Потоа двајцата претседатели се поздравиле со срдечно ракување. На снимките од почетокот на средбата се гледа и како Трамп се наведнува кон рускиот лидер и му кажува нешто на уво, по што двајцата се свртуваат кон новинарите со насмевки.

„Ви благодарам многу. Со нетрпение ја очекуваме нашата средба“, изјавил Трамп.

Тој потоа се осврнал и на долгогодишниот однос со рускиот претседател.

„Имаме одлични односи веќе многу години и мислам дека од ова може да произлезат многу прекрасни работи, или барем дека тука можат да започнат. Верувам дека тоа ќе се оствари“, рекол американскиот претседател.

Кој е Дмитриј Песков?

Дмитриј Песков е еден од најпрепознатливите претставници на руската власт и долгогодишен портпарол на Владимир Путин. На функцијата е од 2012 година, а претходно со години работел во службите за односи со јавноста на руската влада.

Тој е еден од главните комуникатори на Кремљ и редовно ги пренесува официјалните ставови на Москва за надворешната политика, односите со Западот и војната во Украина.

По почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, Песков стана еден од најекспонираните претставници на руската политика на меѓународната сцена. Се наоѓа и на листите со западни санкции воведени поради руската агресија врз Украина.

Би можело да ве интересира

Трамп, Путин и Си испратија заедничка порака до судот што бара апсење на рускиот претседател

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка повеќе не е предводник на слободниот свет

Путин првпат се огласи по нападите врз Кримскиот мост: „Нашиот одговор ќе биде многу поболен“

Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја заврши војната

Си: Нуклеарното оружје е меч што виси над човештвото

Трамп, Путин и Си објавија заедничка изјава, се договорија за четири точки

Горан Наумовски