Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Држави и Кина имаат доволно влијание за да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина.
Зеленски го изјави ова во интервју за американската телевизиска мрежа NBC, одговарајќи на прашањето што би им рекол на американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, доколку присуствува на средба меѓу нив во Кина.
„Сè започнува на бојното поле. Целата војна започнува токму таму, а каков било напредок кон мир е можен само под услов да има прекин на огнот на линијата на фронтот“, рече Зеленски.
