Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Од:

Американската Централна команда (CENTCOM) ја повлече објавата на социјалните мрежи откако предизвика бројни реакции поради мапата на Блискиот Исток на која палестинските територии – Западниот Брег и Газа – беа прикажани како дел од Израел.

Во објавата CENTCOM ја претстави десетдневната посета на командантот Бред Купер на земјите од Блискиот Исток. На првичната мапа беа означени земјите што Купер ги посетил, меѓу кои Бахреин, Ирак, Израел, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Меѓутоа, на мапата териториите на Западниот Брег и Газа беа прикажани во рамките на Израел.

Откако корисници на социјалните мрежи укажаа на ваквиот приказ на палестинските територии, CENTCOM ја избриша објавата и повторно ја објави со изменета мапа, на која Газа и Западниот Брег се јасно означени како одделни територии.

Во соопштението CENTCOM наведува дека Купер за време на посетата се сретнал со високи цивилни и воени претставници во шест земји и ги посетил американските сили распоредени низ регионот.

„Повеќе од 50.000 американски војници дејствуваат ширум Блискиот Исток, поддржувајќи различни мисии“, наведуваат од CENTCOM.

За време на посетата, Купер присуствувал и на примопредавањето на командата над Здружените заеднички оперативни сили – Операција „Инхерент Резолв“ (CJTF-OIR), одржано на 11 август во Јордан. Генерал-мајор Кевин Ламберт ја предал командата на контраадмиралот Лиам Хулин.

Од CENTCOM посочуваат дека посебно внимание било посветено на припадниците на ударната група на носачот на авиони USS Abraham Lincoln.

„Историјата ќе го забележи ова распоредување како едно од оперативно најинтензивните и најзначајните во модерната ера“, порачаа од американската Централна команда.

Би можело да ве интересира

Израел: САД не дозволуваат напади врз иранската енергетска инфраструктура

Најмалку двајца Палестинци се повредени во нови израелски напади врз Појасот Газа

Кушнер до Нетанјаху за Газа: „Самите ја саботирате идејата што ја побаравте“

Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Пезешкијан: Иран го осуети планот за копнена инвазија