Разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени, издадено е итно предупредување 

Од:

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Пуерто Мадеро, на југот на Мексико, по што е издадено предупредување за цунами во регионот, објави Американскиот геолошки завод (USGS).

Градот Пуерто Мадеро се наоѓа на брегот на Тихиот Океан, во близина на границата со Гватемала, објави Ројтерс.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти USGS.

Според очевидци во Гватемала, зградите се треселе, а друг очевидец за Ројтерс изјавил дека потресот бил почувствуван и во Ел Салвадор.

Засега нема информации за можни жртви или предизвикана материјална штета.

Би можело да ве интересира

Исланд одлучи: Не сака во ЕУ

Тензично во Ла Манш: Русија испрати вооружена придружба за руските танкери, Британците само ги следеа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Предраг Петровиќ

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Мртва трка во Исланд: Стотина гласови ќе одлучат за членството во ЕУ

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ